Македонија

СЕ КОНФИСКУВААТ НЕЛЕГАЛНО ИСЕЧЕНИ ДРВА ВО МАЛЕШЕВИЈАТА, АКЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА ДЕНОВИВЕ

Дел од групата која нелегално сече дрва во Малешевијата е успешно пресечена, со конфискување на нелегално исечените дрва. Конфискацијата веќе почнала, а ќе продолжи и во наредните денови, по што ќе се знае колку точно дрвна маса била запленета од дрвокрадците.

До сега се конфискувани педесетина кубика дрва, а одземањето на нелегално исечените дрва ќе продолжи и во наредните денови. Дробилицата за која пишувавме во првиот дел од сторијата, како што дознаваме, ќе биде дислоцирана од беровското село Двориште, каде и во моментов се наоѓа.

За фирмата и лицата кои нелегално сечеа дрва ќе следува и прекршочна пријава, откако се утврдило дека помеѓу легално исечените има и нелегално исечени дрва. И додека вработените во шумската и граничната полиција, како и припадниците на МВР, кои со години се бореле за случајот да има разврска, се справуваат со оваа нелегална сеча, во Малешевијата продолжува да „цвета“ бизнисот со нелегално сечење на дрвна маса.

 

Тагови

Поврзани вести