Свет

Се заледија Нијагарини Водопади

Толку е студено во Северна Америка што се заледија и некои делови на Нијагарини Водопади.

Студениот бран што го погоди западот и североистокот на САД од Нијагарини Водопади направи замрзнувач.

Посетителите овие денови постојано објавуваат фортографии од неверојатната глетка, а изгледа како водопадите да удираат во чист мраз.

– Сонцето излезе речиси само на 15 минути, се смрзнав на -25 степени, рекла една жена која била сведок на ледената глетка.

Метеролозите велат дека студеното време ќе продолжи до крајот на неделата, а температурите би можеле да бидат и околу – 20 степени.

Тагови

Поврзани вести