Забава
СЕ БАРААТ ЛУЃЕ ЗА ПАТУВАЊЕ: Се дава џепарлак од 60.000 долари
Aмериканската компанија White Claw Hard Seltzer, која се занимава со прозводство на пијалоци сака да испрати двајца авантуристи на животно патување.
Компанијата бара една жена и еден маж и на секој од нив ќе им додели џепарлак од 60 илјади долари.
Луѓето кои ќе имаат можност да патуваат низ Соединетите Американски Држави цели шест месеци, ќе посетат голем број на дестинации, а нема да работат ништо.
За време на патувањето само ќе треба да го документираат целото патување и најубавите моменти од истото да ги споделат со другите.
Но, на огласот може да аплицираат само американски државјани кои имаат навршено 25 години.