Македонија

Се анализира каква е водата во Битола по невремето

Во саботата во текот на вечерните часови Општина Битола беше зафатена со невреме и силни поројни врнежи од дожд. Од тие причини во текот на вчерашните денови од страна на стручни лица вработени во ЈЗУ ЦЈЗ Битола, земени се мостри на вода за пиење за бактериолошка и физичко-хемиска анализа.Од Центарот за јавно здравје информираат дека мострирањето се изврши на претходно дефинирани пунктови на мострирање усогласени со ЈП „Водовод“ Битола.

Вредноста на резидуален хлор во мрежата измерен на терен се движи во дозволени граници и изнесува 0.5 мг/л. Во текот на истиот ден, вредноста на параметрите од физичко-хемиската анализа покажаа физичко-хемиска исправност согласно Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. Во тек е микробиолошка анализа на водата за пиење. Резултатите од анализата се очекуваат денес, со цел да се запази временскиот период потребен за анализа кој изнесува минимум 24 часа. Врз основа на сите анлизирани параметри, водата од градскиот водовод е безбедна и може да се користи како вода за пиење.

Од Центарот за јавно здравје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на јавното здравје при појава на поплави:
1. Користете водоотпорни ракавици, гумени чизми и заштитна маска при отстранување на застојната вода, калта и отпадниот материјал на поплавените површини.
2. Да се отстранат оштетените предмети кои биле во контакт со вода во поплавените простории (мебел, покуќнина, кујнски прибор, остатоци од храна, детски играчки и сл.)
3. Облеката која била во контакт со вода од поплавата, исперете ја одделно од останатата со детергент и топла вода (700С).
4. Отстранете ја и не користете храна која дошла во контакт со вода од поплавените простории.
5. Поплавените простории после отстранување на отпадот и поплавената вода добро да се измијат, изрибаат и исчистат со безбедна вода од градски водовод.
6. Да се следат известувањата и препораките на ЈЗУ ЦЈЗ Битола, ЈКП Водовод и локалната самоуправа за квалитетот и исправноста на водата за пиење.
7. Дезинфекција во поплавените објекти да се изврши после повлекувањето на водата и темелно чистење на домовите со препарати на база на активен хлор (Белило, Варикина, Доместос и сл) или дезинфициенси на база на Бензалкониум хлорид (Дезинтал).

Тагови

Поврзани вести