Свет
Серија силни земјотреси на грчките острови и во Турција
Грчките острови во Егејското Море и областа покрај западниот брег на Турција биле погодени од серија земјотреси со јачина од 4,5 до 4,9 степени, но нема извештаи за повредени или штети.
Земјотресите со јачина од 4,5, 4,8 и 4,9 степени биле почувствувани во периодот од 7:45 до 8 часот на островите Лезбос и Хиос и по должината на турскиот брег на Егејското Море.
Неколку помали земјотреси биле почувствувани порано, според Геодинамичкиот институт во Атина.
Епицентарот бил меѓу островите Лезбос и Хиос на длабочина од 12 до 15 километри.
Нема извештаи за повредени или штети, објави регионалната мрежа Сто Ниси.Потресите биле почувствувани низ целиот регион.
Последниот смртоносен земјотрес во областа, со јачина од 7 степени, се случи на 30 октомври 2020 година, а епицентарот беше во Егејското Море помеѓу грчкиот остров Самос и турскиот град Измир.
Двајца млади загинаа на Самос, а 114 лица ги изгубија животите и 1.035 беа повредени во Турција.