Патувања
Сент Мартин

Егзотично одморалиште со нестварна убавина, “сместено” е на островот St.Martin. Aеродромот “Princess Juliana” се наоѓа на само 10 минути возење. Луксузниот комплекс поседува 8 вили и 83 прекрасни соби на идиличниот брег на ова егзотично острово. Единствените работи кои ќе ве окружуваат во текот на вашиот престој на плажа, се прекрасните палми и романтичниот хоризонт.
Сместувањето во елегантен ентериер, исто така ќе ви овозможи пријатен престој. Ресторанот “La Reserve”, ќе ви овозможи уживање во прекрасната француска кујна, додека барот “Le Cave” можете да се почастите со прочуениот Карипски рум и разновидни коктели.
Одморот ќе ви биде потполн доколку се одлучите да возите кајак, фаќате риби или крстарите со хотелската јахта… за ваков несекојдневен одмор потребно е да издвоите 379 амерички долари по ноќевање