Свет

Село кое живее во согласност со природата

Да се живее во согласност со природата, да се намали количината на смет што го произведуваме, самите да одгледуваме храна… Сето тоа полесно е да се каже отколку да се направи. Но, постојат заедници на кои навистина им успева одржливото живеење, а на многумина им се вистинска инспирација.

O.U.R (Our United Resource) Ecovillage е една таква заедница која е лоцирана во близина на езерото Шоуниганво во Британска Колумбија, Канада. Заедницата е формирана уште во 1999 година, кога 14 момчиња и девојки купиле 10 хектари земја на која ја формирале својата колонија.

Екоселото настана со визија да создаде модел на одржлива заедница втемелена на социјална, еколошка и економска благосостојба на поединците што живеат таму. Потоа ја основале колективната организација преку која организираат проекти кои самите ги осмислуваат и ги реализираат, а бенефит имаат сите членови на заедницата. Притоа соработуваат со соседите, локалните власти, компаниите, образовните установи, па и со посетителите од странство.

На својот имот спроведуваат и образовни активности, се занимаваат со органско производство на храна, а градат и еколошки самоодржливи куќи. Моментално имаат 9 такви куќи покрај „главната“, која ја користат за ноќевање.

Нивните цели се зачувување на природните карактеристики на земјата со зачувување и регенерација на шумите и водните површини, развој на агро-потенцијалот преку користење одржливи, традиционални и методи на органско производство, обезбедување различно сместување за различни животни стилови истовремено зачувувајќи го руралниот карактер на земјиштето и на заедницата и друго.

Тагови

Поврзани вести