Македонија
Секоја година сè повеќе ѓубре во главниот град
Комунална хигиена лани собрала 166.678 тони отпад- 5 отсто повеќе во однос на 2020 година
И во текот на 2021 година, екипите на ЈП Комунална хигиена–Скопје (ЈПКХС) седум пати во неделата, во три смени, го собираа и го транспортираа комуналниот отпад од скопските домаќинства, како и од речиси 600 стопански субјекти во урбаниот и во руралниот дел на градот.
Во изминатите 12 месеци беа собрани и транспортирани вкупно 166 678 тони комунален отпад. Количеството на подигнат отпад во 2021 во однос на 2020 година е зголемено за 8202 тони (5,18 %).
Во мај 2021 година, Претпријатието организираше акција за собирање кабаст отпад во сите скопски општини, во чиишто рамки беа подигнати и транспортирани рекордни 650м3 одложен мебел и отпад од електронски и електрични уреди.