Македонија

СЕЗОНАТА НА ГРИП ВО ПИК – ЗА ЕДНА НЕДЕЛА БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ ЗГОЛЕМЕН ЗА 70 %

Грипот ја зеде третата жртва. Пациент на 50 годишна возраст минатата недела починал на Kлиниката за пулмологија. Имал и други хронични заболувања. Институтот за јавно здравје бележи пораст на заболените од грип. За само седум дена 5 660 лица добиле грип. Нема град во Македонија каде нема заболен. На удар се најмногу децата на школска возраст. Но, засега според Комисијата за заразни болести нема потреба од прекин на наставата во училиштата.

„Сите индикатори укажуваат на зголемена активност на вирусот на грип. За овој период од годината е очекувано да имаме тренд на пораст на заболени од грип и овој тренд ќе продолжи во наредната недела или две, по што очекуваме да се стабилизира и да почне да опаѓа бројот на новозаболени “  – Д-р Гордана Кузмановска – Институт за јавно здравје.

Засега се забранети посетите на хоспитализирани пациенти во јавните здравствени установи, со цел да се спречи натамошно ширење на грипот, но од Комисијата за заразни болести велат дека ја следат состојбата со новозаболени деца во училиштата и во зависност од проценките ќе предлагаат нови мерки и препораки, согласно состојбата на терен. Состојбата со грипот во училиштата ја следи и министерството за образование.

Од почетокот на сезоната досега  три лица починаа како резултат на компликации, од кои едно 14 годишно девојче и двајца мажи на возраст од 50 и 85 годишна возраст. Според лекарите, тројцата починати биле невакцинирани, а имале и други заболувања.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје има 30 тина хоспитализирани пациенти со грип, а еден од нив е на интензивна нега. Дваестина деца има на Детската клиника. Ниту еден не е во животна опасност.

Тагови

Поврзани вести