Свет
Северниот атлантик загаден со 27 милиони тони нанопластика

Северниот Атлантски Океан содржи околу 27 милиони тони нанопластика, според ново истражување објавено од Институтот за морски истражувања на Холандија и Универзитетот во Утрехт, пишува агенцијата МИА.
Истражувањето покажува дека количината нанопластика во горните 10 метри од океанската површина е значително поголема од досега проценетата.
Нанопластичните честички, со големина помала од една илјадитинка од милиметар, биле пронајдени во примероци од 12 различни локации низ Атлантикот. Просечната концентрација на длабочина од 10 метри изнесувала 18,1 милиграми на кубен метар вода, додека на морското дно 5,5 милиграми. Највисоки вредности се измерени во близина на европските брегови – 25 милиграми.
Научниците нагласуваат дека овие честички не можат да се отстранат, па затоа е клучно да се спречи понатамошно загадување.