Македонија
Светски ден на чистотата под мотото „Одговорноста е наша, за почисто Скопје“
По повод Глобалниот ден на чистотата, администрацијата на ЈП „Комунална хигиена“ организираше масовна акција за чистење на централното градско подрачје, под мотото „ОДГОВОРНОСТА Е НАША, ЗА ПОЧИСТО СКОПЈЕ“.
На акцијата се придружија и административците на ЈП „Паркови и зеленило“, ЈП „Водовод и канализација“ и ЈСП Скопје, како и учениците од СУГС „Јосип Броз Тито“, ОУ „Димо Хаџи Димов“, ОУ „Панајот Гиновски“, извидниците од извидничкиот одред „Методија Митевски Брицо“ и голем број на граѓани.