Свет

Светски ден на заштита на природата

Светскиот ден на заштитата на природата се одбележува секоја година на 28 јули со цел ширење на свеста за природните ресурси кои се наоѓаат на нашата планета Земја и кои се основа за стабилно и продуктивно општество, особено за обезбедување на благосостојбата на сегашните и идните генерации.
Денес се соочуваме со бројни опасности за животната средина во која живееме, како што се: климатските промени, глобалното затоплување, дефорестација, намалување на животната разновидност, топење на ледените површини, покачување на нивото на морињата, зголемување на загадувачите….
Сите ние зависиме од природните ресурси: вода, воздух, почва, минерали, дрвја, животни, храна, нафта, тие се основни елементи во нашиот секојдневен живот.
За да ја одржиме рамнотежата на природата, мора да им помогнеме и на различните видови да продолжат да постојат. Извештајот на Светската организација за заштита на Светската фондација за дивиот свет сугерира дека од 1970 година, притисокот што го вршиме врз планетата е двојно зголемен, а ресурсите од кои зависиме се намалени за 33%.
Во последно време се снимаат многу документарни филмови за заштита на природата кои покажуваат како се трошат ресурсите. Светскиот ден на заштита на природата треба да се слави секој ден од нашите животи, а не само на 28 јули.

Тагови

Поврзани вести