Македонија
Светската недела на вселената се одбележува и во Македонија
Годишната прослава на Светската недела на вселената во земјава започнува денеска со темата „Вселената и климатските промени“. Целта на овој настан е да се истакне важноста на вселенските истражувања и нивното позитивно влијание врз човештвото.

Секоја година од 4 до 10 октомври, луѓе од целиот свет се обединуваат за да ги прослават достигнувањата во истражувањето на вселената и да ги едуцираат и инспирираат младите, вели Марина Таневска, национален координатор на Светската недела на вселената во Македонија
Овие датуми одбележуваат два историски настана:
-4 октомври 1957 година: Лансирањето на првиот човечки направен сателит, Спутник 1, со што започна ерата на истражување на вселената.
Минатата година, Светската недела на вселената беше одбележана со 16.000 настани во 83 земји, вклучително и Македонија. Оваа година се очекува бројот на настани да биде уште поголем. Темата „Вселената и климатските промени“ има за цел да ја поврзе глобалната заедница и да го истакне значењето на сателитите и вселенската технологија во следењето на промените во животната средина и намалувањето на ефектите од климатските промени.