Свет
СВЕТОТ МОРА ДА ГО СПРЕЧИ ГЛАДОТ: Конфликтот во Украина и воведените санкциите водат во катастрофална рецесија

ММФ предупреди дека војната и воведувањето на снкции може да има пошироки последици, вклучително и загрозување на глобалната безбедност на снабдувањето со храна и преработката на жито, што може да ги зголеми цените на брашното.
Украинската влада се уште функционира, банкарскиот систем е стабилен, а отплатата на долгот е реална на краток рок, но руската интервенција може да ја вовлече Украина во разорна рецесија, предупреди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пренесува Фена.
ММФ, исто така, посочи дека војната и воведените снакции може да има пошироки последици, вклучително и загрозување на глобалната безбедност на храната и преработката на жито, што може да ги зголеми цените на брашното.
„Украина би можела да забележи минимален економски пад од 10 отсто оваа година, под претпоставка за брзо решение“, вели ММФ во анализата на украинската економија во контекст на руската инвазија.
Сепак, фондот предупреди на „масовна несигурност“ што ги придружува неговите прогнози и нагласи дека ако конфликтот продолжи и ако продолжат санкциите, ситуацијата ќе се влоши, пренесува АФП.
Предупредување на Гутереш
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика на прекин на конфликтот во Украина и предупредува на „распад“ на глобалниот систем за храна.
„Светот мора да реагира за да го спречи гладот и колапсот на глобалниот систем за храна “, рече Гутереш.
Генералниот секретар предупредува дека војната ризикува да има далекусежни последици за глобалните резерви на храна кои ќе имаат катастрофално влијание врз најсиромашните, бидејќи Украина обезбедува повеќе од половина од резервите на пченица на Светската програма за храна.
„Оваа војна оди многу подалеку од Украина. Тоа е и напад врз најранливите луѓе и земји во светот“, рече Гутереш.