
Санторини и околните острови се погодени од серија земјотреси, од кои најсилниот, со јачина од 5,2 степени, е регистриран во средата вечер. Во последните девет дена, регионот е потресен од над 6.400 потреси, што предизвика паника меѓу жителите и туристите – над 11.000 луѓе го напуштија островот.
Сеизмолозите наведуваат дека активноста може да се намали со текот на времето или да следи поголем земјотрес со магнитуда од 6 степени. Во меѓувреме, се случи свлечиште на познатата Црвена плажа, која сега е затворена за посетители.
Научниците предупредуваат на можни нови потреси, но и потенцијални лизгања на земјиштето. Според експертите, секој поминат ден без значителен потрес ја зголемува веројатноста за стабилизација.