ЗдравјеХрана

Салата од цвекло и моркови со ореви

Потребно е:
600 г моркови
600 г цвекло
100 г млад кромид
150 г ореви
10 г сусам
100 мл маслиново масло
сол
сечкан магдонос
сок од лимон
Подготовка:морковите и цвеклото излупете ги и исечете ги на спирализатор да добиете своевидни шпагети. Ако немате таков апарат исечете ги на тенки стапчиња, или со лупач на зеленчук и овошје па потоа на ленти.
Исечениот зеленчук ставете го во сад со ладна вода, секој зеленчук посебно. Во меѓувреме грубо исечете ги оревите, кромидот и магдоносот.Извадете ги морковите од водата, исушете и лесно насолете па додајте половина од маслото.
На ист начин зачинете го и цвеклото. Распоредете ги цвеклото и морковите во чинии (рецептот е за 4 лица), зачинете по желба со сок од лимон, наросете со ореви, млад кромид и сусам. Украсете со магдонос.
Совет: за да не ги обои другите состојки цвеклото можете лесно да го накапете со масло.

Тагови

Поврзани вести