Свет
САД: Пукања во Чикаго, едно лице убиено, осум ранети

Едно лице е убиено, а осум се ранети во две пукотници доцна во петокот навечер во центарот на Чикаго, во областа Луп, објавија денес локалните медиуми, наведувајќи дека пукотниците се случиле веднаш откако била осветлена голема елка неколку блока подалеку, во паркот Милениум.
Седум тинејџери се повредени во првата пукотница, која, според полициските информации, се случила во близина на театарот Чикаго околу 21:50 часот по локално време, објавува CBS.
За време на втората пукотница во градот, која се случила околу 30 минути подоцна, две лица биле застрелани, од кои едното починало.
Полицијата пронашла седум ранети лица, на возраст од 13 до 17 години, кои биле префрлени во болницата Строгер и Детската болница Лури во стабилна состојба.
По втората пукотница, во блокот 100, полицијата пронашла две лица со прострелни рани, од кои едното било однесено во болницата Нортвестерн, каде што било прогласено за мртво.
Другото повредено лице, 18-годишен маж, беше однесено во истата болница во сериозна состојба со прострелна рана во ногата.
Претседателот Доналд Трамп во саботата попладне напиша на Твитер дека имало „масовен криминал и немири во Чикаго“.
„Гувернерот Прикер и градоначалникот на Чикаго, луѓе со низок коефициент на интелигенција, одбиваат федерална помош во ситуација што би можела брзо да се реши. Луѓето им велат да го доведат Трамп“, рече американскиот претседател.



