Свет
Роверот на НАСА го преживеа пеколот и слета на Марс
Роверот InSight на НАСА вреден 1 милијарда долари успешно слета на Црвената планета по неизвесни „шест и пол минути ужас“ додека поминуваше низ атмосферата на Марс каде беше подложен на вистински пекол од над 1.650 степени Целзиусови.
Роверот патуваше низ вселената во изминативе шест месеци, но неговото долго патување конечно заврши со овие нервозни шест и пол минути.
Се спушти нешто пред 15 часот по локално време во седиштето на НАСА во Вашингтон, САД, додека научниците нервозно чекаа Wall-E и Eve кои орбитираат околу Марс да потврдат дека роверот безбедно слетал.
Помалку од осум минути откако влезе во атмосферата со брзина од 19.800 км/ч, роверот успешно слета на површината на Марс забавувајќи на само 8 км/ч пред да ја допре планетата.
Научниците на НАСА, очекувано, славеа и се радуваа во контролната соба и си го честитаа успешното слетување, а имаше и неколкумина кои се расплакаа од среќа.
Слетувањето на InSight’s е осмо успешно слетување на Марс за НАСА, додека Советскиот Сојуз никогаш не успеа да слета на Марс, а и двата обиди на Европската вселенска агенција се покажаа како неуспешни.