ЕкономијаМакедонија
РКЕ подготвува ревизија на блок тарифите, можна евтина струја и во сабота
Регулаторната комисија за енергетика подготвува ревизија на постојните блок тарифи за електрична енергија, со цел граѓаните да добијат пониски сметки и подобро да се искористи растечкото производство од обновливи извори на енергија. Според претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, анализите веќе се во тек, а првичните резултати се очекуваат до крајот на септември.




