Природа

Риболовци алармираат за загадување на Брегалница, Млечната индустрија – Делчево ги отфрла обвинувањата

Спортски риболовци од Делчево алармираат за загадување на река Брегалница откако јавно споделија видео запис на кој се гледа истекување на бела течност во близина на река Брегалница.

Во изјава за МИА тие велат дека цевката со непозната течност излегува од ладилник сопственост на делчевска млекара.

-Денеска во близина на ладилникот во Делчево од цевка на млекарата забележано е истекување непозната бела течност која директно се влева во реката. За случајот запознаен е инспекторот за животна средина во Делчево, велат спортските риболовци.

За случајот одговор побаравме од посочениот субјект од каде ги отфрлија обвинувањата на риболовците.

-Млечна индустрија – Делчево, ги отфла наводните обвинувања за „испуштање“ непозната бела течност која директно се влева во реката. Нашата компанија постојано е на удар  и закани од ова друштво СРД „Брегалница“, кое постојано се труди да ја наруши нашата репутација. Млечна индустрија – Делчево, работи согласно сите законски обврски и барања. До сега правдата сме ја побарале на суд, за кое имаме и решение од судот дека не сме олицетворение на нивните обвинувања, но изгледа ова друштво функционира вон сите национални и европски регулативи, и ќе ги повикаме надлежните инспектори да направат ревизија на нивното работење, истакнаа во писмениот допис до МИА од Млечна индуструја – Делчево.

Од општинскиот инспекторат дополнија дека Млекарата има обврска периодично да врши „чистење” на својот таложник, обврска која досега доследно ја почитувале

Тагови

Поврзани вести