Свет
Рибари во Будва снимија огромна ајкула (ВИДЕО)
На пет километри од крајбрежјето, рибари вчера виделе ајкула долга околу три метри.
Мирко Ѓировиќ од Инситутот за биологија во морето изјави за порталот РТЦГ дека станува збор за вид на сина ајкула која живее во Јадранското море, загрозен и заштитен вид кој обично не е опасен за луѓето.
Од Институтот велат дека за време на полетта женките понекогаш можат да се видат во близина на плажите, каде раѓаат мал број на младенци, долги од 30 до 50 сентиметри.
Епидемијата од коронавирусот која доведе до запирање на морскиот сообраќај сигурно влијаела во тоа морскиот свет да се опушти, велат експертите.