Свет
Државата мора да им плати отштета на граѓаните за дишењето загаден воздух
– Европската легислатива, посебно директивата на Европскиот парламент од 2008 година, ја обврзува Полска да води сметка за загадувањето на воздухот. Државата од тогаш презеде серија мерки, но со задоцнување и недоволно ефикасно. Затоа (државата) е виновна поради недоволна активност, изјави судијката во процесот Барбара Сита-Латала.
Таа во пресудата констатира дека државата го погазила правото на Волшчак на слободно движење и дишење чист воздух, како при прошетки, така и при проветрување на просториите во нејзиниот дом.
– Сосема е сигурно дека и е нанесена штета, бидејќи таа не може да се бави со активности на отворено без страв за своето здравје, оцени Сита-Латала во пресудата, со која и се налага на државата да и исплати отштета на Волшчак од 1.190 евра.
Ова претставува прва пресуда во полски суд со која се потврдува правото на граѓаните на дишење воздух незагаден со смог.
– Судот призна дека имаме право да дишеме чист воздух. Можеме да бараме почитување на тоа право и да ги тужимее оние што ни го одземаат, изјави претставникот на организацијата „Полски смог аларм“, Пјотр Шергеј во коментар на пресудата.