Забава
Реновираа старата куќа за само 1.600 долари и ја зголемиле вредноста за 100.000 долари
Пар од Англија решил да ја реновира застарената куќа, за 1.600 долари. За целата оваа работа им требале три месеци, а по реновирањето вредноста на нивната куќа се зголемила за околу 100.000 долари.
34-годишната Бети и нејзиниот партнер, 33-годишниот Адам, живеат во Англија со двете деца, во дом што го купиле на почетокот од годината по цена од околу 840.000 долари. Најпрво парот живеел во Лондон, но посакале да се преселат на помирно место, па ја купиле куќата. Веднаш откако се вселиле почнале да ја реновираат со „направи сам“ проекти.
„Претходно живеевме и работевме во Лондон, но локдаунот нè натера да размислиме за нашиот живот. По раѓањето на синчето пред девет месеци, сфативме дека семејството е најважно и дека многу повеќе сакаме релаксиран селски живот“, вели Беки.
Беки има и совет за оние кои сакаат сами да го реновираат домот без да потрошат цело богатство:
„Ние не сме професионалци и учевме сами. Нормално, ништо не се споредува со скапа кујна направена од професионалци, но нашата цел беше да го искористиме она што веќе го имаме и да му дадеме нов живот. Бидејќи, денес стана многу лесно да фрлате работи. Не секој има многу пари, но секој сака убав дом. Дури и со најмал буџет, можете да направите нешто прекрасно со домот”.