Македонија

Реката Пена затрупана со исечени дрва

Сопствениците на куќите покрај реката Пена во тетовска Горна чаршија денеска протестираа поради неисчистеното корито и сечењето на околните дрва. Голем дел од нив завршиле во реката. Бараат институциите што поскоро да преземат мерки бидејќи опасноста од поплави е голема.

„Бараме што поскоро да се отстранат дрвата од коритото. Загрозени се сите куќи кои се околу коритото, а проблемот лежи во тоа што со радост ги пречекавме општинските органи кои ја презедоа акцијата бидејќи таму стана како шума од дрва и ѓубре, особено поради тоа што претходната власт не сметаа дека треба да се занимаваат со речното корито“, реагираат жителите.

„Секако, ќе продолжиме со протести бидејќи сите сме од Горна чаршија“, додаваат тие.

„Бараме и Управата за шуми да се позанимава со оваа работа и да ја исчисти реката бидејќи тие реагираа и мора да ја завршат работата. Бараме да се исчисти коритото, не ни е гајле кој има ингеренции, нека си ја завршат работата“, велат тетовчани.

Од општина Тетово ни одговорија дека проблемот е во рацете на Македонски шуми.

„Имавме барање до Македонски шуми за отстранување на дрвата, но сè уште немаме одговор. Ситуацијата на терен е сè уште иста бидејќи не можат ништо без нивна согласност“, рече Бесарта Рамадани Портпарол на општина Тетово.

Од Македонски шуми велат дека барањето е пристигнато и во рок од неколку дена ќе биде даден соодветниот одговор, во зависност од тоа дали се работи само за отстранување на исечени дрва или има и барање за друга сеча

Тагови

Поврзани вести