Свет

Редок вид црвена панда побегна од зоолошка

Вработените во зоолошката градина во Белфаст, Северна Ирска, забележале дека недостига црвена панда, а полицијата изјавила дека, најверојатно, ужива во природните знаменитости на местото Гленгормли, пишува Би-би-си.

Полицијата ги повика жителите да бидат внимателни зашто може да наидат на овој загрозен вид, кој е само малку поголем од домашна мачка.

Црвените панди се ноќни животни и обично живеат во шумовити предели. Не се агресивни животни, но може да бидат опасни ако се најдат во тесно и ако треба да се бранат.

Тагови

Поврзани вести