Македонија

Да се замени сегашниот примитивен начин на регулирање со даски и греди за регулација на испустот на реката Црни Дрим во Струга

Пред почетокот на сезоната на топење на снегот од планините и опасноста од повторно зголемување на нивото на Охридското езеро, експертската јавност алармира. Ја повикуваат државата да пристапи кон итна изградба на современ дигитален систем за прецизна регулација на испустот на реката Црни Дрим во Струга. Да се замени сегашниот примитивен начин на регулирање со даски и греди.

„…. Работата е да не се покачи нивото на езерото и да не претставува проблем за крајбрежјето на Охридското езеро. Но, сепак ова не е само техничко решение. Туку тоа е и прочистување на реката од контаминиран отпад“, рече Ваит Ајро- експерт за животна средина.

Ова е повеќе од потребно особено после големите поплави кои се случија минатата пролет на дел од крабрежјето во Охрид и Струга, а кои предизвикаа сериозни оштетување на угостителските објекти. Од Електрани на Македонија кои управуваат со хидро-централите на Дрим за Алсат рекоа дека идеен проект за механички испуст на водата од езерото е изработен уште во ‘80-тите години на минатиот век.

ЕЛЕМ:

Можната реализација на ваков проект во многу ќе зависи од добиените мислења и услови од други инситуции: УНЕСКО, Министерството за животна средина, општина Струга и други надлежни институции…“

Дигитализацијата на испустот на реката би претставувал зафат од поголем обем, велат од ЕЛЕМ, кој подразбира градежни работи во подолг временски период. Инаку, по речиси една деценија, во Струга деновиве се реконстрираше и санираше дрвениот мост на реката Црни Дрим кај регулационата брана. Целта беше да се зајакне неговата безбедност зашто тој се користи и како премин за пешаци.

Тагови

Поврзани вести