Македонија

Регистрарот покажува дека само во Охрид има 409 дивограби во заштитениот појас

Регистрарот покажува дека само во Охрид има 409 дивограби во заштитениот појас. Плажите функционираат без концесија а во Струга беззаконието продолжува бидејќи градоначалникот Мерко одбива да превземе било какви мерки а државата тоа го толерира.

Зачувување на статусот на УНЕСКО, решавање на проблемот со дивограби и владеењето на право е клучно за евроамбасадорот Самуел Жбогар кој денеска беше во Охрид и даде поддршка во справувањето со узурпацијата на езерскиот брег.

За евроамбасадорот е клучно тоа што се прави во Охрид да се прави и во Струга, а игнорантскиот однос на градоначалникот Мерко дава лоша слика за Македонија државата која претендира да  биде членка на ЕУ.

Тој истакна дека една од причините за неговата посета е и статутост на УНЕСКО кој кјора да се сочува и додаде дека има луѓе кои не ги интересира статусот туку само личниот бенефит. ЕУ ќе му помогне на Охрид во развивањето на стратегија за одржлив туризам со што ќе се ќе има поголем бртој на туристи, подолг престој и повеќе профит.

Ако сте сериозна држава имплементирајте ги законите и решете го проблемот со дивоградбите-рече Жбогар

 

Тагови

Поврзани вести