ВестиМакедонија
Реализиран планинарски марш Делчево – Бигла – Манастирски комплекс ,,Св.Богородица Балаклија”
Планинарското друштво претежно се состои од луѓе кои уживаат во природата, брои околу 30 членови и како што велат самите челнови редовно еднаш месечно реализираат планинарска маршрута во регионот на Пијанец.
Група од дваесетина планинари рекреативци од планинарското друштво „Голачка срна” од Делчево, денеска ја реализираа 15 километри долгата планинарска маршрута Делчево – Голак – манастирски комплекс „Балаклија”.
Маршутата, како што соопшти планинарот Сребран Стоичов, успешно ја поминале сите учесници во планинарско-рекреативниот марш.
– Денешново дружење со природата го реализиравме во должина од 15 километри. Појдовна точка ни беше од Делчево преку стариот пат кон село Бигла. Потоа свртевме кон планината Голак, по што преку селото „Косово Дабје”, пристигнавме до манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија”, каде имавме заедничка дружба, истакна Стоичов.
За планинарот Перо Калаџиски планинарството е повеќе од здрав живот.
– Имам 78 години, планинарам од 1968 година, не примам никакви таблети и инјекции. Препорачувам за сите кои се чувствуваат здраво да планинарат бидејки планинарењето значи и здраво срце, вели Калаџиски.