Економија

Расте цената на пченицата и нафтата

Нафтениот пазар од утрово бележи раст.

Цената на барел нафта на лондонскиот пазар е 111 долари, за разлика од вчера, кога цената беше 106 долари. Цената на нафтата на американскиот пазар е 108 долари за барел, додека вчера беше 103 долари.

Пазарот на криптовалути од утрово е зелен. Вредноста на биткоинот е 39.629 долари, што е зголемување за околу 4% во однос на вчера. Другите криптовалути исто така растат.

 

Поскапуваат пченицата и пченката во однос на вчерашниот ден. Од утринава цената на пченицата е 1.076 долари за тон, што е пораст од речиси 3% во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката е 794 долари за тон, што е исто така пораст од околу 1 процент.

Тагови

Поврзани вести