Македонија

Развојт на еко-туризмот во југоисточниот плански регион на Македонија

Развој на турзимот и зачувување на животната средина со еколошки-одржливи инвестиции. Ова е одлуката на жителите на Југоистокот на Македонија за искористување на 20 милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка со министерството за локална самоуправа. Граѓаните сметаат дека  изградбата на планински велисипедски патеки, но и проекти за енергетска ефикасност и еко одржливост се иднината на овој регион.

Инвестиции во туризмот се предвидува во овој регион со дополнителни 40 милиони денари кои се обезбедени од Бирото за регионален рамномерен развој. Градоначалниците од Југоситокот на Македонија сметаат дека туризмот е неискористениот потенцијал на општините и треба да се развиваат во таа насока.

Вредноста на овие средства е речиси еден милион евра, а се обезбедени преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на Македонија. Градоначалниците од 10 општини заеднички се договараат каде и како да се распределат овие пари за да имат бенефит цел регион, јавува Телма.

Тагови

Поврзани вести