Македонија

Работилница за градење со природни материјали во Горно Соње

Ако те интересира природното градителство и сакаш практично да се запознаеш со начинот на работа и придобивките од овој вид на градба дојди на работилница за градење со коб (глина,вода,слама), велат од Natural building Macedoniа, кои повторно викендов (28-29 септември) организираат работилница во Горно Соње.

„Ќе се дружиме, ќе работиме, ќе размениме идеи и знаење а во секој случај ќе се наполниме со позитивна енергија“, соопштува Natural building Macedoniа.

Работилниците се од 10 часот до 18 часот.

„Потребно е да си донесеш удобна облека за работа, гумени обувки како папучи или чизми и пешкир. Ние обезбедуваме храна, сокчиња, кафе и нешто слатко за дополнување на енергијата“, велат организаторите.

Секој кој сака да дојде може да се информира дополнително во инбокс и може да се приклучи кој ден сака и во колку часот сака.

„Пријавувањето е задолжително заради организација на работата. Се гледаме“, велат од Natural building Macedoniа.

радио моф

Тагови

Поврзани вести