Свет
Пустош по торнадото во Нешвил, најмалку 22 жртви

Најмалку 22 лица загинаа во торнадо што ги зафати градот Нешвил и државата Тенеси во Соединетите Американски Држави оставајќи без струја 50.000 домаќинства и бизниси.
Повеќе лица се повредени, а оштетени се и домови, објави „Ројтерс“.
И аеродромот во близината на Нешвил претрпел значителна штета како резултат на невремето и оштетени се неколку хангари.
Најмалку два станбени блока останаа без прозорци, а парчиња метал и дрво беа расфрлани на улиците, објави Си-ен-ен.
Националната служба за метеорологија соопшти дека осум торнада поминале низ Мисури, Тенеси и Кентаки.