Забава

Пума луташе низ испустениот Сантјаго за време на полициски час

Дива пума, најверојатно во потрага по храна, се спушти од планините околу Сантјаго и се прошета низ празните улици на чилеанскиот главен град, во време кога во него е во сила полициски час поради пандемијата со Covid-19.

Животното е фатено вчера, по интервенција на полицијата, Службите за земјоделство и сточарство (САГ) и тим од градската Зоолошка градина.

– Ова некогаш било нивно природно живеалиште, од кое ние сме ги потиснале… Пумата не е повредена и е здрава, истакна Марсело Џанони, регионален директор на САГ.

Пумата има околу една година и е тешка 35 килограми. Пренесена е во зоолошката, каде што стручните лица треба да ја прегледаат.

Владата во Чиле во неделата воведе полициски час поради ширењето на коронавирусот. Во земјата до вчера биле заразени 922 лица, а две се починати. Претходно, Чиле ги затвори своите копнени, морски и воздушни граници. Денес во Сантијаго има скоро 7 милиони жители.

Тагови

Поврзани вести