Забава

Прошетајте го светот за само неколку минути: Полуостров во Данска ги опфаќа сите континенти и е вистинска туристичка атракција

Покрај езерото Клејтруп во Данска се наоѓа мал полуостров кој го претставува целиот свет. Станува збор за проект на Сорен Полсен кој користејќи земја, камења, трева и знамиња ја создал мапата на светот, а за ваквиот проект му биле потребни 25 години.

Мапата на светот наречена Верденскортет денес е отворена за посетители, а доколку го посетите ова место, ќе имате можност да го прошетате целиот свет за само неколку минути, а потоа и да го испиете вашето кафе во кафулето во близина.

Димензиите на мапата на Сорен изнесуваат 45 х 90 метри, а секои 27 центиметри одговараат на 111 реални километри.

Полсен е роден во 1888 година на местото на кое денес се наоѓа оваа мапа, а како млад, тој се преселил во САД. По 20 години во странство, Сорен се вратил на семејниот имот во Данска и пробал да го претвори ова место во голем овоштарник, но по неуспешниот проект, ја отпочнал оваа идеја.

Данецот во 1944 година започнал со реализација на проектот на кој се посветил до својата смрт на 81-годишна возраст, во 1969 година.

Полуостровот заживеал и станал познат, а она што е интересно е дека љубителот на географија искористил само неколку едноставни алатки и голема креативност за да го создаде – некои од камењата тој сам ги префрлал од едно место на друго, а дел од нив тежеле и повеќе од еден тон.

Тагови

Поврзани вести