ВестиМакедонија

Протест во селото Ботун против изградба на регионална депонија

Жителите на општина Дебарца на 22 април во 5 до 12 ќе одржат протест во селото Ботун против изградба на регионална депонија на територијата на оваа општина, кај селото Годивје, на неколку стотини метри од новиот автопат во изградба, Кичево-Охрид.

-Дебарчани, сега е моментот. Дебарца чиста ја наследивме, чиста и ќе ја оставиме, порачаа организаторите на протестот, кои во повикот потсетуваат на убавините на овој регион, но и на значењето на Дебарца во градењето на државата, тогаш кога било најтешко, се вели во Прогласот.

Советот на општина Дебрца, едногласно ја отфрли одлуката за давање согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Југозападниот плански регион од страна на Владата на Република Македонија.

Тагови

Поврзани вести