Свет
Протести во Белград поради загадувањето на воздухот
Стотици луѓе во Белград протестираа за да привлечат внимание на зголеменото загадување на воздухот во земјата. Повикувајќи ги властите да преземат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, демонстрантите се собраа во центарот на Белград.
Организаторите на протестот ја повикаа Владата да ја информира јавноста за индексот на загаденоста на воздухот на националната телевизија.
„Илјадници луѓе годишно умираат во Србија од здравствени проблеми поврзани со загадениот воздух“, велат демонстрантите.
Проблемите вклучуваат лошо управување со отпадот, слаб квалитет на воздухот и загадени реки, додека проектот за ископ на литиум на Рио Тинто беше прекинат по неколкунеделни протести во Србија.
Загадувањето на воздухот, кое во последно време често е забележано во балканските земји, негативно влијае на животот, особено во Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска.
Западен Балкан, вклучително и Србија, се соочуваат со многу еколошки проблеми, особено со загадувањето на воздухот, како резултат на децениското запоставување на овој проблем.