Вести

Простаци насекаде па и во скопската Зоолошка: Вознемирувал магариња, па се пофалил/ВИДЕО

Разочарана од односот на посетител на скопската Зоолошка градина и неговото недолично однесување, заменик-директорката Тина Мицковска на својот профил на Фејсбук објави видео за пример како не треба да се однесува еден возрасен човек.

Видео било поставено на „Тик-Ток“, каде посетителот на несовесен и вулгарен начин ги вознемирува магарињата во нивниот простор.

-Уште еден што сака да влезе во категоријата Простак на годината, а богами ова е веќе и зоофилија. Ваквите снимки треба да не едуцираат како НЕ ТРЕБА да се однесува еден возрасен човек… Ваквите однесувања може да ги сопреме само ако јавно вака ги направиме „славни, категорична е Мицковска, која воедно е и прв соработник во Зоолошката градина.

Очигледно во Македонија во последно време простаците добија на значење во општеството, ова се “луѓе” кои треба да се под институционален надзор бидејќи истите ги гледаме како дивеат и по улиците каде за жал има и трагични завршетоци, кампањи и казни секако се излишни за вакви случаеви и очигледно немаат никакво влијание бидејќи не допираат до нив.
Изместените вредности, неморалот  и искривување на вистината кои се промовираат во последно време како нормални, немањето одговорност и граница за ништо е резултат на се почестите девијантни појави во општеството.
Психолозите велат дека првиот знак за ментално нестабилна состојба кај човекот е отсуството на срам.
Тагови

Поврзани вести