Свет
Пронајден уникатен пингвин во жолта боја
Природата е полна со изненадувања. Без оглед дали станува збор за див був кој одлучува да слета на вашата глава или совршено затемнување на Сонцето, или пронаоѓање џуџе-жирафа, природата никогаш не престанува да нè восхитува со својата убавина и уникатност.
Овој пат станува збор за животно кое нема боја што природно треба да ја има. Имено, еден фотограф имал среќа да пронајде уникатен пингвин во жолта боја и да направи неколку фотографии од него.
– Никогаш претходно не сум видел, ниту пак сум слушнал за жолт пингвин. На плажата имаше 120.000 птици и тој беше единствениот жолт таму – вели Адамс.
Ова не е првпат да се забележи жолт пингвин во историјата бидејќи постојат истражувања за леуцизмот кај пингвините уште од 2000 година, но се чини дека овие фотографии се први од ваков вид интернет, со толкава јасност.
Овој жолт примерок на пингвин е уникатен поради нешто што се нарекува леуцизам, состојба при која животното губи дел од пигментацијата, што предизвикува промени во неговата боја, па станува бел и блед, но за разлика од албинизмот, не влијае врз очите.
Бидејќи овој пингвин не создава меланин, неговите перја се жолти. Според истражување за леуцизмот кај пингвините, во зависност од видот, веројатноста за развој на леуцизам е 1 во 20.000 до 146.000. Така што, овој еден во колонија од 120.000 одговара на статистиката.