Забава

Пронајден еден од најпознатите потонати бродови во историјата на светот

Ендјуранс, изгубениот брод на истражувачот на Антарктикот сер Ернест Шеклтон, е најден за време на викендот на дното на Веделовото Море.

Бродот потонал во 1915, откако бил оштетен од морскиот мраз, приморувајќи ги Шеклтон и неговите луѓе да бегаат со помош на мали чамци. Снимката од бродот покажува дека Ендјуранс е во исклучително добра состојба. Иако се наоѓа на над 3.000 метри под површината на водата подолго од еден век, изгледа исто како денот кога потонал. Неговото дрво и понатаму е во добра состојба, а името Ендјуранс јасно се гледа на крмата.

„Без какво било претерување, ова е најфиниот дрвен брод кој некогаш сум го видел“, кажа морскиот археолог Менсун Баунд, кој бил во експедицијата која го открила бродот и сега го исполнил сонот на својата кариера долга 50 години.

„Исправен е, горд на морското дно, нечепнат и добро е зачуван“, кажа тој за Би-би-си.

Лидерот на мисијата, ветеранот поларен географ д-р Џон Сирс го опиша фасцинантниот момент кога камерите се спуштиле на бродот.

„Откритието на бродот е неверојатно откритие. Успешно ја завршивме најтешката потрага по потонат брод во светот, борејќи се постојано со променливиот морски мраз и температурите кои паѓаа на -18 Целзиусови степени. Го постигнавме она за што многу луѓе кажаа дека е невозможно“, кажа Ширс.

Повеќе од две недели подморници го пребарувале однапред дефинираното подрачје на потрагата во Веделовото Море, истражувајќи интересни мети, пред да го најдат бродот во саботата на 100-годишнината од погребот на Шеклтон.

Самиот брод е прогласен за споменик според меѓународниот договор за Антарктикот и не смее на кој било начин да се чепка. Поради тоа, никакви артефакти не се извлечени на површината, јавува mkd.mk

Тагови

Поврзани вести