Клима
Променливо облачно, ветровито и студено време, претпладне со услови за слаб снег

Во Скопје, променливо облачно, ветровито и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе достигне до 8 степени.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h), особено долж Повардарието.
Дневната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно, ветровито и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе достигне до 8 степени.