Забава

Продаден камен од Месечината за 600 000 долари

Денеска на аукција во Бостон е продаден камен од Месечината , што паднал на Земјата. Аукциската куќа РР од Бостон објави дека е постигната цена од 612 500 долари за лунарниот метеорит , а го купил претставник кој работи за комплексот Там Чак Пагода во виетнамската провинција Ха Нам.

Аукциската куќа предвиде дека шесте камчиња , кои се вклопуваат во целина може да се продадат за 500 000 долари.

Лунарниот камен бил најден минатата година на северозапад на Африка , во пуста област во Мавританија.

Тагови

Поврзани вести