Забава

Прогласен е најдобриот град за живот на светот во 2021 година

Time Out објави листа на најдобри градови во светот во 2021 година, врз основа на мислењето на 27.000 анкетирани жители на светските градови.

Титулата за најдобар град во светот ја освои Сан Франциско.

За време на истражувањето, ги зеле предвид ноќниот живот, рестораните и културните настани, како и чувството на заедница во секој град, што, според нив, е особено важно во пандемијата. Истражувањето вклучува и еко-иницијативи на градовите, посветеност на активизмот во градот и општа љубезност и гостопримливост на градот.

Тајм Аут вели дека на прво место во Сан Франциско ја ставило „ненадмината комбинација на прогресивност, прифаќање и одржливост“.

Сан Франциско исто така е пофален за одговорот на градот во време на пандемијата. Сан Франциско исто така има една од највисоките стапки на вакцинација во Соединетите држави. И среде заклучувањето, граѓаните најдоа начин да останат поврзани, пишува Time Out. Тие го фалат и фактот дека во Сан Франциско акцентот е ставен на ресторани и кафулиња на отворено. „Градските улици во моментов се како една голема забава на отворено“, опишува Time Out.

Еве ги првите 10 најдобри градови во светот според Time Out:

1. Сан Франциско, Калифорнија, САД

2. Амстердам, Холандија

3. Манчестер, Обединетото Кралство

4. Копенхаген, Данска

5. Њујорк, САД

6. Монтреал, Канада

7. Прага, Чешка

8. Тел Авив, Израел

9. Порто, Португалија

10. Токио, Јапонија

Тагови

Поврзани вести