Македонија
Пристигна парот штркови во најголемото штрково гнездо во Европа во Чешиново
Пристигна парот штркови во најголемото штрково гнездо во Европа, со висина од 3,2 метри, кое се наоѓа на Задружниот дом во Чешиново.
Чешиново е дел од општината Чешиново-Облешево, која е прогласена за Европско село на штркот за 2013 година.
Пристигнат е штркот и во гнездо бр.3. Белиот штрк е симбол на зачуваните природни станишта и неговата присутност во нашата близина е потврда дека живееме во здрава околина.