Македонија
Пристапен пат до идниот камп и Парк на авантури на езеро Младост

Заврши асфалтирањето на пристапниот пат до идниот еко-камп и до идниот Парк на авантури, дел од проектот „Паметно Езеро Младост“, вреден нешто над 1.000.000 евра, што го финансира Европска Унија, а го спроведува Светска банка.
Пристапниот пат е долг 170 метри, широк 6 метри.
Како што информираат од Општина Велес, следи изградба на тротоари од двете страни на патот со широчина од по 1,5 метар. Вкупната вредност на пристапниот пат е 3.400.000 денари без ДДВ.