Македонија
“Присилна вакцинација” или оправданието “Истите мерки се имплементираат во регионот и светот”?
Министерството за здравство реагира на соопштението на Конфедерацијата на синдикати во кое се тврди дека мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести се „присилна вакцинација“.
Вработените кои ги опфаќаат новите мерки имаат избор да приложуваат и негативен тест еднаш неделно доколку одлучат да не се вакцинираат, а сите оние кои имаат здравствени проблеми заради кои не може да се вакцинираат тоа не се присилени да го направат, се правдаат од министерството.
Протести или други форми на изразување на незадоволство против мерките се демократско право, но исто така спротивно на здравствените препораки кои доаѓаат од светските здравствени институции. Апелираме на одговорност на сите граѓани и чинители во општеството со цел заеднички да ги надминеме сите предизвици со пандемијата која за жал, се уште коси во светот.
“Бараме поддршка за мерките кои се во интерес на јавното здравје и заштита на здравствениот систем кој трпи огромен притисок пред се од лица кои не се вакцинирани, а имаат потреба од болничко лекување”, изјави министерот со што ги обвини невакцинираните граѓани за притисок на системот, а заборави дека и вакцинираните се лекуваат во болнички услови.
Изјави полни со небулози и контрадикторности не се новина во пандемијата, за жал резултатите од досега превземените мерки се никакви и без никаков позитивен ефект во однос на ширењето на пандемијата, а камо ли престанок на истата.