Македонија

Природни убавини се кријат во Белчишко блато во Дебарца

Природни богатства се кријат во Белчишкото блато во Дебарца. Направени се подводни истражувања на најголемото блатно езерце Сино Дувло каде се откриени карстни извори. Подводнoто богатство треба детално да се проучи, бидејќи покрај со вода изобилува и со бројни ендемски видови на растителен и животински свет.

Белчишкото блато како редок природен феномен ќе ја промовира Дебрца кај Охрид како нова туристичка дестинација и идно заштитено европско подрачје.

Белчишко Блато, или според неговите сини води познато и како Сини Вирој, е едно од најголемите преостанати блата во земјава.

Од општина Дебарца најавија дека во Белчишта зградата на старата касарна ќе се пренамени во еко музеј за презентација на убавините на блатото.

Тагови

Поврзани вести