Здравје
Природен лек од лук и пченица за циркулација и детоксикација

Лукот е познат и докажан лек од природата. Во оваа прилика споделуваме како да направите природен лек од лук и пченица за циркулација и детоксикација. Помогнете му на организмот да има чист црн дроб, здрави крвни садови, силен имун систем и одлична мозочна функција!
Лукот има силни антигабични и антибактериски својства. Најдобро е да користите свеж лук, но ако не сте љубител на неговата арома, може да користите лук во капсули. Бидејќи најдобро е да го користите во свежа состојба, еве како може да ја неутрализирате неговата миризба.
Состојки:
- 5 лимони
- 12 главици лук
- 400 г пченични клици
- 400 г јатки од ореви
- 1 кг мед.
Подготовка и начин на употреба:
- Пченицата измијте ја и ставете ја во сад со вода. Оставете ја да стои преку ноќта и исцедете ја водата по 10-12 часа. Потоа, оставете ја да стои уште 24 часа.
- Откако ќе помине тоа време, измелете ги оревите и пченицата и измешајте ги.
- Лукот исчистете го и исто така измелете го.
- Земете ги лимоните и неизлупени измелете ги. Претходно добро измијте ги и препорачливо е да ги почувате неколку часа во вода со сода бикарбона.
- Измелените лимони додајте ги во смесата.
- На крај додајте го медот и измешајте.
- Консумирајте по 1-2 лажици на ден и најдобро со дрвен прибор. На здравје!