Свет
Призор каков ретко се гледа: Шарен термален извор во Вајоминг е вистинско чудо на природата!

Ова место со добра причина е едно од најпопуларните меѓу туристите…
Природата знае да биде вистински уметник и да создава неверојатни сцени. Вистински пример за такво нешто е шарениот термички извор, Grand Prizmatik Spring, во државата Вајоминг. Тој е еден од најголемите во светот и секако еден од најубавите.
Бојата на овој извор варира од портокалова и црвена боја во текот на летото и темно зелена во текот на зимата. Бактериите што живеат во оваа вода ги создаваат овие интересни бои и се одговорни за неверојатниот призор.