Македонија

Претставници на Бернската и Рамсарска конвенција со експерти од комисиите на УНЕСКО во посета на Општина Охрид

Претставници на Бернската конвенција и Рамсарска конвенција заедно со експерти од комисиите на УНЕСКО денес ќе ја посетат Општина Охрид. Како што информираат од општинската прес служба претставниците ќе оставрат средба со градоначалникот Кирил Пецаков.

фицијалната мисија на претставниците на Бернската, Рамсарската и УНЕСКО конвенциите за Отворениот фајл за Република Северна Македонија: Наводни негативни влијанија врз Охридското Езеро и Националниот парк Галичица – кандидати за Емералд подрачја, поради развојот на инфраструктурата, започна вчера кога оставрија средба со стручниот тим на Министерството за животна средина и просторно планирање предводен од министерката Каја Шукова.

Очекуваме дека проценката ќе рефлектира со применливи препораки на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција во однос на утврдување на живеалиштата и дивите видови кои можат да бидат афектуирани од антропогени активности, како и препорака за мерки и активности за намалување на овие влијанија согласно постоечката состојба истакна Шукова на средбата.

Мисијата предводена од извршниот секретар на Бернската Конвенција, Микаел Путиерс, денес и утре  предвидено е покрај посетата на Општина Охрид, да оставрат средби и со претставници на НП „Галичица“, Општина Струга, како и да извршат теренска посета на Студенчишко Блато, областа кај Свети Наум и охридското и струшкото крајбрежје.

Тагови

Поврзани вести