Македонија
Претстави на Театарот за деца и младинци секоја недела напладне на МРТВ

Театарот за деца и младинци од Скопје ќе прикажува дел од претставите од својот репертоар секоја недела во 12 часот на МРТВ.
– На овој начин сакаме да придонесеме во дружeњето со нашата верна публика, додека седиме дома, а воедно да го означиме нашиот 30 јубилеен роденден, кој го одбележуваме на 25 март – велат од детскиот театар.
Прва претстава со која ќе почне серијалот претстави е „Убавицата и ѕверот“ во режија на Димитар Христов, која е најгледана претстава во тридецениската историја на овој театар.